За модернизирано и рационализирано образование кое ги разбира новите прилики
Став на одборот за образование на Хрватски Форум, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на образованието.
24 јануари пред две години беше прогласен за Меѓународен ден на образованието од страна на Обединетите Нации, благодарение на значењето на образованието како еден од клучните сегменти во човековиот живот, афирмирајќи ја неговата важност за промовирање на одржлив развој.
Свесни сме за недостатоците кои што постојат во нашето образование, за постојаните предизвици и проблеми со кои се соочува образовниот систем и учесниците во него, но иста така сме убедени дека единствено квалитетни системски решенија се вистински одговор кога е во прашање образованието.
Во таа насока, како Хрватски Форум сакаме да ги истакнеме и потврдиме нашите заложби во интерес на квалитетно и достапно образование, кое (е):
- еднакво за сите, инклузивно и праведно, овозможува поттик на сите оние кои што сакаат да се образуваат и да напредуваат;
- квалитетно, за да ги задоволи современите стандарни поставени на европско и светско ниво и за да ги мотивира младите луѓе на акција и успех;
- oвозможува пристап и соодветни услови за секој човек кој што сака да се едуцира;
- клуч за модернизацијата на нашето општество;
- ги поддржува студентите суштински, а не само „на хартија“. Универзитетот мора да биде институција која го разбира светот и младите, а не само бирократијата;
- модернизирано и рационализирано образование, кое ги разбира новите прилики, го вреднува и унапредува неформалното образование и е способно да ги примени новитетите на технолошкиот развој;
- транспрарентно, дигитализирано и отворено.
Сакаме да изразиме благодарност до сите оние кои придонеле и придонесуваат за квалитетно и еднакво образование за секој човек.
Како Хрватски Форум, се надеваме дека овој ден ќе биде поттик за сериозно разгледување на овие прашања и итна реализација на неопходните промени, затоа што секој има право на квалитетно и достапно образование.