Донесувањето на Законот за млади позитивен сигнал, потребна доследна примена на истиот
Хрватскиот Форум го поздравува донесувањето на Законот за младинско учество и младински политики и смета дека истиот може да биде основа за системски и отворен пристап за решавање на прашањата кои го засегаат интересот на младите.
Донесувањето на овој закон беше повеќе од потребно, имајќи го предвид повеќедецениското непостоење на правна регулитива посветена на оваа материја, што само по себе доведуваше до институционално непрепознавање на овие проблеми и до неажурност за истите.
Убедени сме дека во период кога младите се соочуваат со сериозни предизивици и апатија, донесувањето може да биде позитивен сигнал дека младите, сепак може да бидат дел од државната агенда.
Се надеваме дека ваквата законска рамка ќе отвори нов простор за соработка и решавање на клучните проблеми, со што би се обезбедило поартикулирано и поорганизирано учество на младите во креирањето и спроведувањето на јавните политики.
Очекуваме дека доследна и целосна примена на законот ќе доведе до отстранување на досегашните препреки за учеството на младите во процесите на донесување на одлуки, особено на локално ниво, и дека истата, преку зголемениот број на вклучени млади ќе резултира со квалитетни решенија и со нова свест кога се во прашање интересите и предизвиците на младите.
Тим за односи со јавноста
ХРВАТСКИ ФОРУМ