Во Суботица остварена средба со претставник на ДСХВ
Во склоп на неколкудневната посета на АП Војводина, претседателката Симона Копривњак и генералниот секретар Марко Видачек во Суботица остварија средба и со претставникот на Демократскиот сојуз на Хрвати во Војводина, Нинослав Радак.
На средбата имавме можност да го претставиме ангажманот на ХФ, но и да се запознаеме со активностите на ДСХВ и нивниот историски контиунитет. Убедени сме дека ваквата средба е вовед во нова соработка на регионално ниво.
Како организација очекуваме дека во најскоро време ќе бидеме домаќини на нашите пријатели од Суботица.