skip to Main Content
Формиран Програмски совет на ХФ, очекуваме и предлози и критики

Формиран Програмски совет на ХФ, очекуваме и предлози и критики

Хрватски Форум по објавениот јавен повик за апликации за членови на новото експертско тело Програмски совет, во областите назначени во повикот, за членови ги избра:

  • Д-р Милена Апостоловска Степаноска, вонреден професор на  Правен факултет „Јустинијан Први“;
  • Д-р Марко Кртолица, доцент на Правен факултет „Јустинијан Први“;
  • М-р Виолета Панев, докторанд во областа на педагошките науки, „Наставник на годината 2018/2019“;
  • М-р Љерка Тот Наумова, магистер по економски науки, писател и уредник на „Хрватска ријеч“;
  • М-р Илија Манасиев, докторанд на правни студии, асистент на Правен факултет „Јустинијан Први“ и лиценциран медијатор;
  • Марина Обадиќ, адвокат и поранешен заменик Народен правобранител;
  • Неда Маретиќ, новинар, ТВ водител и ПР на ХКЦ „Марко Марулиќ“.

Членовите на ова тело ќе можат подиректно да учествуваат во креирањето на идните активности и дефинирањето на приоритети на Хрватски Форум, како и да допринесат кон поефикасно и целисходно остварување на целите на иницијативата.

И покрај досегашната успешност и визибилност на нашата организација, одлучивме во нашите редови да вклучиме и повикаме луѓе од авторитет и кредибилитет кои може уште повеќе да придонесат кон целите, мисијата и резулатите на ХФ.

Ова е уште една потврда за определбата на ХФ за мотивирање и организирање на аргументирана и стручна дискусија, недвомислена демонстрација на отвореност и соработка, како и јакнење на капацитети на цивилниот сектор кој мора да биде коректив и артикулиран критичар.

Со основањето на Програмскиот совет, како посебно советодавно тело составено од експерти,  продолжуваме да ги развиваме потенцијалите на нашата организација со што ХФ несомнено се етаблира како центар на организирање кога се во прашање младите и македонско – хрватските односи.

Имајќи ги предвид искуствата и професионалните биографии на избраните членови,  сигурни сме дека во нив ќе видиме отворени соговорници, од кои очекуваме и предлози и критики.


Тим за односи со јавноста
ХРВАТСКИ ФОРУМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top