skip to Main Content
Трета редовна седница, формиран одбор за надворешни работи

Трета редовна седница, формиран одбор за надворешни работи

На ден 13.02.2020, во просторот на Млади Хаб во Скопје, се одржа третата редовна седница на Клубот на основачи на Хрватскиот Форум.  

На седницата, за претседател на новиот одбор за надворешни работи беше избран м-р Иван Дургутов, додека пак за негов заменик, Азиз Сулејмани, студент на политички студии на англиски јазик.

Клубот на основачи на ХФ ги назначи и новите координатори: Бојана Крстевска, студент на правни студии, за координатор на Студентскиот клуб на Хрватски Форум; и Софија Волчевска, студент на правни студии, за дополнителен координатор на правниот тим.

На седницата беа потврдени заложбите за 2020 година на ХФ кои се однесуваат на студентските прашања и политики, како и на основањето и на функционирањето на локалните младински совети низ Македонија.

На истата се дискустираше за тековните состојби и идните активности, а беа разгледани и актуелни прашања поврзани со младите, образованието и претседавањето на Хрватска со ЕУ.


Тим за односи со јавноста

ХРВАТСКИ ФОРУМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top