skip to Main Content
Правото на култура претставено преку хрватското културно наследство, најавена и „Croacademy“

Правото на култура претставено преку хрватското културно наследство, најавена и „Croacademy“

Хрватскиот форум (ХФ) вчера во Тетово го организираше првиот од серијата настани насловени „Изворно хрватско: традиција, иновација, млади“, а во чиј фокус беше правото на култура претставено преку хрватското културно наследство и пописот на УНЕСКО. 

„Кој има право на култура“, „што е културата“, „што е културното наследство“ беа неколкуте прашања на кои се дискутираше на вчерашниот настан кој вчера го организираше ХФ во Тетово, во присуство на членови на ХФ, ученици од хрватската настава и соработници.

Во текот на целиот настан претставени беа 28-те културни добра на Хрватска кои се ставени на списокот на УНЕСКО, а беа објаснети и основните поими кои се поврзани со правото на култура. На настанот модератор беше генералниот секретар на ХФ, Марко Видачек.

Целта на овој прв настан од оваа серија активности беше тимот на ХФ да се запознае со оваа материја, а во насока на поголемо интензивирање на активностите на ХФ.

На настанот беше најавена и првата младинска академија на ХФ „Croacademy“ која ќе се одржи овој месец на Попова Шапка, со учество на околу 25 млади од цела држава.

Настаните насловени „Изворно хрватско: традиција, иновација, млади“ се финансиски поддржани од страна на Централната државна канцеларија за Хрвати надвор од Република Хрватска. Следните настани ќе бидат посветени на хрватските нобеловци и изуми, градот Шибеник и Дубровничката република.

 


Тим за односи со јавноста

ХРВАТСКИ ФОРУМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top