„Историски континуитет на хрватскиот парламентаризам“ во Тетово
Хрватски Форум, на ден 23.10.2021 година, во соработка со МХД во Тетово организираше настан на тема „Историски континуитет на хрватскиот парламентаризам“, а со посебен осврт на посебни периоди, одлуки и личности.
На предавањето и дискусијата поделени во неколку тематски единици опфатени беа: саборите во времето на народните владетели, крунидбата на кралот Томислав, Цетинскиот сабор, саборите во времето на феудализмот, одлуките за хрватскиот јазик и народниот говор, хрватскиот граѓански сабор, како и современиот демократски сабор – како претставничко тело и носител на законодавната власт во Хрватска.
На настанот беше посочено значењето на ваквиот историски континуитет, особено од апскет на државно-правното уредување, историските односи и националната свест. Анализирани беа и документите кои се донесувани на ваквите сабори, како и значењето и историското значење на грбовите кои се употребувани.
Активностите се поддржани од страна на Централната државна канцеларија за Хрвати надвор од Хрватска.
Предавањето го водеше Марко Видачек, генерален секретар на ХФ, дипломиран правник и мастер студент по уставно право.
Тим за односи со јавноста
ХРВАТСКИ ФОРУМ