skip to Main Content
Одржана редовна седница на Клубот на основачи во Скопје

Одржана редовна седница на Клубот на основачи во Скопје

На ден 01.12.2019, во просторот на Млади Хаб во Скопје, се одржа редовна седница на Клубот на основачи на Хрватскиот Форум.  

На седницата се дискустираше за тековната состојба на ХФ и за дефинирање на активностите за 2020 година.

Клубот на основачи донесе одлука за формирање на Програмскиот совет како советодавно тело составено од истакнати имиња од јавниот живот кое ќе се занимава со предлагање на политики и развивање на иницијативата.

На седницата се одлучи ХФ во 2020 година особено да се посвети и да работи на полето на студентските прашања и политики, како и на основањето и функционирањето на локалните младински совет низ Македонија.

Исто така, се одлучи за финализирање на подготовките за Студентскиот клуб и на Советот за меѓународна соработка.

На седницата присуствуваа и надворешни членови кои учествуваа во дебатата и во размената на идеи, со што преку инклузивен и отворен пристап овозможивме поставување на основните цели кон кои ќе се движи ХФ во 2020 година.


Тим за односи со јавноста

ХРВАТСКИ ФОРУМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top