skip to Main Content
[ ИЗБОРНО СОБРАНИЕ ] Јавен повик за претседател/ка, потпретседатели и членови на НО

[ ИЗБОРНО СОБРАНИЕ ] Јавен повик за претседател/ка, потпретседатели и членови на НО

Хрватски Форум согласно своите акти и програмски определби, објавува ЈАВЕН ПОВИК за апликации за претседател/ка, потпретседатели и членови на Надзорен одбор. 

Со одлука на Клубот на основачи на ХФ од 31.10.2020, Организациониот одбор за спроведување на Изборно Собрание на ХФ ја започна кандидационата постапка. Објавениот јавен повик, се однесува на следните функции/членства:

  1. Претседател/ка на Хрватски Форум
    Претседателот на Здружението се избира од страна на Собранието на ХФ со мандат од 4 години, со право на уште еден реизбор. Претседателот ги свикува седниците на Собранието и раководи со нив. По функција, член е и на Централниот одбор кој одлучува помеѓу две собранија. Одржува редовна комуникација со Секретаријатот и Извршниот одбор, ја координира работата на ХФ, ја следи транспарентноста и демократското функционирање на ХФ и др.
  2. Потпретседател/ка на Хрватски Форум (најмногу четири)
    Потпретседателите се избираат од страна на Собранието, со мандат од 4 години, со право на уште еден реизбор. Од редот на потпретседателите се избира заменик – претседател кој го заменува претседателот на ХФ. По функција, членуваат и учествуваат во работата на Централниот одбор кој одлучува помеѓу две Собранија. Заедно со претседателот/ката ги подготвуваат седниците на Собранието.
  3. Член на Надзорен одбор (најмалку три)
    Надзорниот одбор ги разгледуваат периодичните пресметки, извршувањето на финансискиот план и завршната сметка на Собранието секоја година, врши контрола на финансиското материјално работење, и на барање на застапникот дава мислење или одлука за замрзнување на членство во случај на непочитување на статутот на ХФ, законските одредби и други акти.

Мандатот на Претседателот/ката, потпретседателите и членовите на Надзорниот одбор е во времетраење од 4 години со право на уште еден реизбор, без надомест. Кандидатите е потребно да се полнолетни и веќе да се членови на ХФ.

Заинтересираните лица, своето CV и мотивациско писмо потребно е да ги испратат на forumhrvatski@gmail.com со назнака „Јавен повик за претседател/ка, потпретседатели и членови на НО“, каде ќе наведат за која точно функција се однесува апликацијата, не подоцна од 10-ти ноемрври.

Апликантите чии апликации ги исполнуваат условите и се потполни, ќе бидат дополнително известени за понатамошниот тек на постапката. ХФ го задржува правото да не ги извести неважечките апликанти.

Изборот на претседател/ка, потпретседатели и членови на Надзорен одбор ќе се изврши преку гласање на Изборното Собрание на ХФ, закажано за овој месец. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top