ЕУ интеграцијата можност за трансформирање на земјата во модерна држава
9 Мај се одбележува како Ден на Европа, во знак на сеќавање на говорот на францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман, кој во 1950 година ја изнесе денес прифатената и распространета визија за европското единство.
Ваквиот предлог, познат и како Шумановата декларација, се смета за почеток на тоа што денеска е познато како Европска Унија. По непрестаните судири помеѓу главните европски држави, европскиот проект овозможи 70 години мир и економски просперитет, што е причина повеќе да ги промовираме но и конкретно ги зачуваме и унапредиме вредностите на обединета Европа.
Хрватска како најмлада членка на Европската Унија покажа сериозна подготвеност и намера да го одржи европскиот пат и да ги спроведе европските идеи, а во своето актуелно 6-месечно претседавање со ЕУ проширувањето кон земјите од Западен Балкан успеа да го задржи како приоритет и покрај предизвиците со коронавирусот.
Хрватски Форум не смета дека европското интегрирање претставува само формално исполнување на услови и поглавја, туку дека истото претставува јасна можност за уредување на земјата и вградување на европските вредности и трансформирање на истата во успешна и модерна држава која ќе понуди најдобри услови за идните генерации.
Искрено се надеваме дека хрватското претседавање ќе претставува исчекор за Македонија која во најскоро време ќе може уште подиректно да допринесува и да ги создава европски содржини и вредности.
Среќен Ден на Европа!
Тим за односи со јавноста