Одржан тим билдинг и стратешко планирање за Хрватски Форум
Одржан тим билдинг и стратешко планирање за Хрватски Форум во Млади Хаб во Скопје.
На 01.12.2019 во Скопје, членовите на Хрватскиот Форум во просторот на Млади Хаб, одржаа тим билдинг на тема „Брендирање и социјални медиуми“ кој го водеше генералниот секретар Марко Видачек.
Заменик – генералната секретарка Теодора Димитровска пак, го водеше делот посветен на стратешкото планирање за нашата иницијатива.
Присутните на настанот учествуваа во јакнењето на капацитети на иницијативата и во дефинирањето на идните активности. На настанот присуствуваа како основачите на Хрватскиот Форум, така и надворешни членови, со цел ширење на идеите и целите на Форумот, но и овозможување на една поголема инклузивност и отвореност, за кои што цврсто се залагаме.
Тим за односи со јавноста
ХРВАТСКИ ФОРУМ