
Одржана средба со градоначалникот на општина Куманово, г-дин Максим Димитриевски
На ден 02.12.2019 година, заменик – генералната секретарка Теодора Димитровска и координаторот за образование Ненад Бојковски остварија средба со градоначалникот на општина Куманово, г-дин Максим Димитриевски.
На средбата беа претставени досегашните успешно остварени настани на ХФ, како и новите идеи за соработка со општината и активирањето на локални младински совети.
Средбата е во склоп на активностите на Форумот за јакнење на соработката со државните институции и единиците на локалната самоуправа.
Тим за односи со јавноста
ХРВАТСКИ ФОРУМ