skip to Main Content
Дваесет европратеници со изјава за почеток на преговори со Македонија, меѓу нив и Пицула и Зовко

Дваесет европратеници со изјава за почеток на преговори со Македонија, меѓу нив и Пицула и Зовко

Пратеници од сите политички партии во Европскиот Парламент бараат да не се испушти денешната шанса за зелено светло за одржување на првата меѓувладина конференција со  Македонија до крајот на оваа година.

„Стоиме зад ветувањата дадени на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Солун 2003 година,  и продолжуваме да ја поддржуваме Европската иднина на Западниот Балкан, што е исто така изразено и во резолуцијата на Европскиот Парламент за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија од 2019 година“, се вели во заедничката изјава на претставниците на политичките партии во ЕП.

Во изјава потпишана од дваесет европратеници се повикува Бугарија да ја одобри преговарачката рамка на ЕУ за Македонија и да се овозможи прогрес и за Албанија, пренесе МИА.

„Како геополитичка Европска Унија, која сака да има позитивно и директно влијание во нејзиното соседство, ЕУ мора да ги одржува дадените ветувања. Двете држави имаат постигнато значителен напредок во фундаментални реформи. Сите земји членки треба да покажат јасна политичка волја и посветеност кон Европската иднина на Западниот Балкан. Заедничка иднина е во интерес на сите“, се наведува во изјавата.

Зад писмото стојат и двајца европратеници од Хрватска

Тонино Пицула, координатор на СД Група (S&D) во Комитетот за Надворешни работи на Европската Унија/  претседател на групата која се занимава со Западниот Балкан, при ЕУ Комитетот за надворешни работи. Пицула е поранешен министер на РХ за надворешни работи и поранешен градоначалник на Велика Горица. Од страна на „VoteWatch Europе“ прогласен е за највлијателен хрватски европратеник.

Желјана Зовко, заменик претседателка на Комитетот за надворешни работи / заменик координатор на групата – Европска Народна Партија ( ЕРР) во Комитетот за Надворешни Работи на ЕУ. Зовко е хрватска политичарка, поранешна амбасадорка во Франција, Шпанија и Италија.

 

Изјавата на европските пратеници Хрватски Форум ја пренесува ексклузивно во целост на македонски јазик.

Ние, претставниците на политичките партии во Европскиот Парламент, стоиме зад ветувањата дадени на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Солун 2003 година,  и продолжуваме да ја поддржуваме Европската иднина на Западниот Балкан, што е исто така изразено и во резолуцијата на Европскиот Парламент за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија од 2019 година. Со приближување до следниот состанок на министрите за Европски работи, го поттикнуваме Советот да ги одобри рамките за преговори за Северна Македонија и Албанија и да го запре понатамошното одложување на  разговорите за пристапување во ЕУ. Моменталниот застој го загрозува кредибилитетот на Унијата во Западниот Балкан и ја намалува моќта на ЕУ за трансформација и влијание во регионот. Како геополитичка Европска Унија, која сака да има позитивно и директно влијание во нејзиното соседство, ЕУ мора да ги одржува дадените ветувања. Двете држави имаат постигнато значителен напредок во фундаментални реформи. Сите земји членки треба да покажат јасна политичка волја и посветеност кон Европската иднина на Западниот Балкан. Заедничка иднина е во интерес на сите.

Конкретно, ги повикуваме Бугарија и Северна Македонија да најдат компромис на нерешениот билатерален проблем, со цел да нема понатамошно одложување на процесот за пристапување. Бугарија и Северна Македонија треба да примат секаква достапна помош- вклучувајќи медијација и надворешна експертиза доколку посакувана- со цел да го решат проблемот. Со цел да покаже признание на напорот на државата во процесот за пристапување кон ЕУ, Бугарија треба да одобри отварање на Меѓувладината Конференција со Северна Македонија што побрзо, но во секој случај сепак во декември. Северна Македонија, во улога на идна пристапувачка држава, треба исто така ги вложи сите можни напори од нејзина страна за решавање на нерешените проблеми. Ги поздравуваме про-ЕУ ориентираните граѓани на Северна Македонија, чие трпение и верба во Европската иднина на нивната држава, изразено во референдумот на Преспанскиот Договор од 2018, треба да биде наградено со продолжена континуирана ангажираност од страна на ЕУ. Меѓутоа, ние сме загрижени од растечкото користење на националистички реторики од некои политички актери во двете држави.  Преспанскиот Договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија се историски и нивната имплементација останува клучна. Сите страни мора да продолжат конструктивни дијалози, базирани на добрососедски односи, вклучувајќи ги и идните чекори.

Во исто време Албанија исто така заслужува да продолжи напред кон пристапување во ЕУ, со оглед на напорот вложен во реформи, конкретно во одделот правда изминатите години, како и позитивните проценки на Комисијата за истите. Потребно е да се вложи напор во неколку области во Албанија, со цел да ги исполнат условите поставени во Заклучокот на Советот. Напор исто така треба да се вложи и од страна на одредени Земји Членки кои моментално изразуваат сомнеж во доделување на Албанија зелено светло за отварање на Меѓувладината Конференција, со тоа што ќе работат со Албанија и ќе ги посочат нивните загрижености. Главните напори за трансформација и реформи ќе треба да се вложат за време на самите преговори за проширување.

Ги поттикнуваме сите страни вклучени да најдат решение на следниот состанок на Советот, за да се осигура започнување на преговори за пристапување пред крајот на годината.


Превод за Хрватски Форум: Матеа Шошкиќ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top