Главашевиќ побара хрватски ангажман за праведен третман на Македонија во проширувањето, се обрати и на македонски
🇲🇰 je, nepuna dva sata nakon razornog potresa, poslala 🇭🇷 poruku solidarnosti i pomoć od 100000 EUR za Baniju. Time se pokazala kao doista prijateljska zemlja. No, uzvraća li RH to prijateljstvo istom mjerom? Bacite oko👇https://t.co/lkqPbnElTN
— Bojan Glavasevic (@bglavasevic) January 21, 2021
Главашевиќ истакна дека „Македонија е земја со која делиме силни историски, културни и други врски и Хрватска би требало да биде најдобар пријател на нејзиниот европски пат“.
Тој потсети дека, македонската влада на истиот ден кога Банија и остатокот од сисачко – москавачката жупанија беа погодени од разорен земјотрес, донела одлука за финансиска помош од приближно 100.000 евра.
НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЈА ПРОЧИТА ПОРАКАТА НА ЗАЕВ, „РАЗБИРЛИВИ СЕ И БЕЗ ПРЕВОД“
Неполни два часа по земјотресот, македонски премиер Зоран Заев јавно се обрати кон Андреј Пленковиќ, со следните зборови, кои нема да ги преведувам затоа што мислам дека се разбирливи и без превод: „Упатувам силна поддршка за премиерот Андреј Пленковиќ и сите хрватски граѓани погодени од силниот земјотрес. Во име на граѓаните на Северна Македонија, изразувам сочувство со жртвите. Солидарност е првиот порив во моментот. Подготвени сме да прижиме помош согласно потребите“.
Тој кажа дека и Хрватска на свое искуство го има почувствувано лошиот третман како тогаш земја кандидат. Главашевиќ истакна дека словенечката блокада кон Хрватска скапо чинела и го уназадила хрватското пристапување кон ЕУ.
„Можеме ли, готово со мирна совест, да гледаме како идентична работа се случува со Македонија и да не правиме ништо? Добри пријатели не затвораат очи пред неправда. А верувам дека ќе се сложиме дека нашата татковина треба да биде добра пријателка на нашите соседи, кои на својот европски пат веќе беа присилени на навистина тешки одлуки и отстапки“, завршува пратеникот во говорот.
Неодамна и хрватскиот пратеник Асен Баук, кој беше раководител на групата за пријателство со Македонија, побара да престанат „бугарските понужувања спрема Македонија“.
„За жал пристапувањето на Северна Македонија, односно Македонија во Европската Унија според мене е пример како тие работи и во 21 век се доведуваат во прашање. Најпрво од Грција поради името, знамето итн. А потоа и од страна на Бугарија поради јазикот, таканаречената заедничка историја и слично на тоа. Очигледно Балканот не е исчистен од тие контроверзи“, истакн Баук тогаш, а пренесоа македонските медиуми.
На блогот „Хрватска на македонски“ на Хрватскиот Форум следете ги најважните информации и најинтересни случувања поврзани со заедничките перспективи на двете земји.