skip to Main Content
Потребни резултати, а не изговори

Потребни резултати, а не изговори

На денешната седница на Клубот на основачи на Хрватскиот Форум беше избрано раководството и беа утврдени приоритети во насока на идните активности. 

На седницата беше поздравена поддршката и интересот за оваа иницијатива, како и големиот број добиени предлози и идеи за делувањето на Хрватскиот Форум. Беше изразена благодарност за волонтерите кои се вклучија во ширењето на иницијативата и за сите оние поединци и организации кои пристапија кон истата.

Согласно одлуките, за генерален секретар беше избран Марко Видачек, а за заменик генерален секретар Теодора Димитровска, која воедно е и координатор на правниот тим.

За портпарол на Форумот, назначена беше Ема Павловска, додека за организационен секретар Стефан Здравковски.

За координатори на Хрватски форум, избрани се: Марко Петровски, за меѓународна соработка, Стефанија Софеска за младинска политика, Бојан Лазаревски за односи со цивилниот сектор и Ненад Бојковски за образование. За програмски координатори се назначена Маријана Симјановска и Љубиша Марковиќ.

На седницата беа потврдени заложбите за соработка со граѓанскиот сектор, со Република Хрватска, со државните институции како и за едукацијата и обуката на членовите и сите заинтересирани лица. Самиот состав на раководниот тим е потврда за доследноста во поглед на принципите на отвореност и инклузивност на иницијативата.

Со денешните одлуки се пристапува кон јакнење на капацитети на ХФ, кон комплетирање на стручните тимови и кон реализирација на едукативните, хуманитарните и еколошките активности и настани во периодот што следува.

Седницата беше оддржана во социјалниот и бизнис центар „Урбан“ во Тетово.


Тим за односи со јавноста

ХРВАТСКИ ФОРУМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top