skip to Main Content
#EU2020HR Самитот во мај во Загреб – Хрватска сака европски пат за соседите, јасни сигнали за проширувањето

#EU2020HR Самитот во мај во Загреб – Хрватска сака европски пат за соседите, јасни сигнали за проширувањето

Претседателот на хрватската Влада, Андреј Пленковиќ, денеска во Банските Двори се состана со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, а после тоа дадоа изјави во Националната и универзитетска библиотека во Загреб.

Претседателот на Владата, Пленковиќ, изјави дека се разговарало за заедничките приоритети во идните месеци како и биле претставени клучните елементи од хрватското претседавање, за Европа која се развива, која поврзува, која штити и која е глобално влијателна.

„Особено допревме неколку актуелни теми, пред сè преговорите за повеќегоднишната финансиска рамка“, рече премиерот и нагласи дека Хрватска во тој поглед, како земја претседавач со Советот, покрај донесувањето на политички договор за буџетот, ќе помогне во напорите навремено да се усвојат и околу педесет законски акти кои ги носат заеднички Советот и Европскиот парламент.

„Според тоа, договоривме особено тесна соработка во следните месеци, измеѓу нас двајцата, но и помеѓу нашите соработници кои на дневна база ќе ја координираат оваа работа со желба да оствариме прогрес и на добробит на приоритетите за следните 7 месеци, но исто така во разумен временски рок“, заклучи премиерот Пленковиќ.

ХРВАТСКА ПОДГОТВЕНА ИНТЕНЗИВНО ДА РАБОТИ НА ИДНИОТ ОДНОС НА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО И ЕУ

Брегзит, како што информира Владата, била втора тема на разговор на двајцата лидери.

Премиерот Пленковиќ додаде дека Хрватска е подготвена да работи интензивно уште од средината на наредната недела на договорот за преговарачката рамка за идните односи помеѓу Обединетото Кралство и Европската Унија, согласно завршните одредби на договорот за повлекување.

„Периодот во кој треба да се заклучи таков иден договор е до крајот на оваа година, а ние ќе настојуваме да пронајдеме и правилна методологија и вистинска содржина да се заврши оваа работа во интерес на двете страни“, истакна хрватскиот премиер.

САМИТОТ ВО ЗАГРЕБ ВО МАЈ – САКАМЕ ЕВРОПСКИ ПАТ ЗА НАШИТЕ СОСЕДИ

„Третата тема за која разговаравме е од особено значење за нас, имено одржување на самит меѓу шефовите на држави и владите на земјите членки на Европската унија на Југоисточна Европа, овде во Загреб на почетокот на мај“, продолжи премиерот, и додаде дека е задоволен што Претседателот Мишел ја прифатил иницијативата и ќе работи заедно со Хрватска за да го подготват состанокот правилно и да донесат заклучоци што треба да ја одредат динамиката на идните односи, особено од институционална гледна точка, кон Европската унија на сите шест соседни или блиски држави.

„Од оваа страна Хрватска сака да испрати порака дека ова е дел од Европа, па дури и дел од светот за кој имаме специјално и специфично знаење и тоа е токму она што сакаме да го искористиме, како 20 години подоцна од првиот самит во Загреб, би можеле да резимираме што е направено“, рече Пленковиќ.

Премиерот повтори дека Хрватска е успешна приказна од 2000. година па до денес, дека е засилена меѓународната положба на земјата, а е овозможен подобар економски развој, поголема слидарност и поголеми вложувања во хрватското општество.

Пленковиќ во таа насока, нагласи дека ваков сличен пат, во рефомска и вредноска смисла, со исполнување на критериумите, им посакува и на сите земји од југоисточка Европа.

МИШЕЛ: ВАЖНО Е ДА ПРОНАЈДЕМЕ ВИСТИНСКА РАМНОТЕЖА

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, го честиташе првото хрватско претседавање со Советот на Европската Унија истакнувајќи ја важноста на моментот и за Хрватска и за Европската Унија при што изрази оптимизам и увереност за добрата соработка преку која заеднички ќе се соочат со претстоечките предизвици, информира хрватската Влада.

„Првиот приоритет кој веќе утринава го нагласивме е буџетот на ЕУ, кој не е само техничка, туку и важна политичка одлука да се одлучат приоритетите како би се соочиле со важни предизвици како што се дигиталната агенда, миграцијата, климатските промени“, истакна Мишел.

ЈАСНИ СИГНАЛИ ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД СОСЕДСТВОТО И ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ

Во врска со Брегзит, Мишел рече дека треба да се почитува изборот на Обединето Кралство. Во насока на сигурноста, Мишел истакна дека истата е важна и за Хрватска, но и за останатите членки како би се загарантирала поголема сигурност во регионот.

„Европската унија сака да даде јасни сигнали за земјите во соседствто, а тоа се однесува и на процесот на проширување, посебно на Албанија и Северна Македонија“, рече Мишел.

Потсети дека пред неколку месеци се донесени важни стратешки одлуки на Европскиот Совет, каде се говореше за можностите да се дојде до договор, како и за следните недели во кои ќе биде важно премиерот Пленковиќ и Мишел да започнат со сериозни политички подготовки како би ги забрзале одлуките и би дале јасни сигнали каква е судбината на овие земји.


Најважните информации и  најинтересните случувања поврзани со хрватското претседателствување со Советот на ЕУ следете ги на блогот на Хрватски Форум, под ознака #EU2020HR

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top