skip to Main Content
Дубровничка република – за првиот карантин во свет, виното и општеството (2)

Дубровничка република – за првиот карантин во свет, виното и општеството (2)

Во ѕидините на малата и просперитетна република се развивал грациозен град, која што убавина и денес го одзема здивот. Денес секој може да се прошета низ ѕидините, но не секогаш било така, да се биде во ѕидините или да се биде надвор значело слобода или ропство, живот или смрт.

Прочитајте го и првиот дел: Дубровничка република – слобода која не се продава за цело злато на светот

Во голем број на официјални документи и повелби палатата Спонза и денес чува голем број податоци за секојдневниот живот на републиката. Казнените записи понекогаш ни се главниот прозор во животот на обичниот човек, на оние кои не учествувале во создавањето на големата историја.

Палата Спонза, готско – ренесансно издание. За време на Дубровничката република имала повеќе функции: царинирница, банка, училиште и др.

Крчмата заедно со градскиот плоштад и градските улици претставуваат едни од главните места за собирање и дружење на секојдневните луѓе. Интересни се записите каде посебно навредливо било повлекувањето за брада, затоа што брадата се сметала за силен симбол на машкиот надворешен идентитет.

Виното било еден од најважните производи во тој период, пред војни освен продуктите неопходни за животот како житото, од околината во градот се складирало и вино.

Според некои податоци годишната потршувачка на вино во Дубровник во 14 век изнесувала над 500 литри по жител.

Ако ја земеме католичката традиционалност, Дубровничката Република спрема проституцијата се однесувала необично рационално. Како едни од најпрагматичните луѓе тие проституцијата ја организирале во своја корист, како и се друго. Дубровничката власт сметала дека е подобро да имаш жители на кои моралот им е во прашање, но квалитетно интегрирани во друштвото, отколку социјални случаи.

Од 1377 година во Дубровник постои карантин. Дубровничката Република е и првата држава во средниот век за која знаеме дека имало карантин.

Неколку недели одвојување на луѓето и робата за да не внесат зарази во Дубровник, што била задоцнета реакција на црната смрт од 1348 година, но сепак било многу ефикасно. Главниот карантин бил во Лазарети, кој што и денес стои на источниот влез во градот.

Под називот Лазарети се означуваат повеќе поврзани згради, изградени како една од превентивните заштитни мерки за жителите на Дубровник.

Живописно сведочење за Лазарети ни носи Евлија Челебија, турски патописец од 17 век кој и самиот морал да биде во карантин пред да влезе во Дубровник.

На почетокот на 14 век во Фрањевачкиот манастир во Дубровник почнала со работа една од најстарите аптеки во Европа, а со оглед на тоа што постои и денес се смета за најдоловечната европска аптека.

Фрањевачки манастир и црква во Дубровник

Дубровничкото семејство било типично католичка традиционална заедница, на чело на семејството бил таткото (pater familias). На првиот кат од типична  куќа за Дубровник била кујната, додека главната просторија – салонот била на вториот кат или повисоко, во средината на салонот се наоѓала главната маса за јадење. Главниот кат каде преспивал сопственикот обично се наоѓала највисоко, заради буката и миризбата. Најмногу се ценеле куќите кои биле на агол и биле на две улици.

Дубровничкиот законодавец настојувал со посебни урбанистички прописи да се ограничи било какво истакнување, но секако имало и зданија кои што се истакнувале како што е палатата Скочибуха.

Тесен и загушлив град што било општо за средновековните градови, било прилично нездраво место за живот па затоа многу од нив настојувале да имаа имот на село.

За важноста на дубровничките летниковци сведочат многу натписи, на пр. Записот на имотот на семејството Градиќ пишува: „Во заблуда е оној кој верува дека се среќни оние кои живеат во град, ова место ќе им пружи вистинска радост“.

Текстот продолжува…


Подготвил: Љубиша Марковиќ, дипломиран историчар 

Ова е вториот дел посветен на Дубровничката република од серијата текстови кои се објавуваат на блогот на Хрватски Форум, а ќе ги опфати најзначајните историски, културни и правни обележја на оваа република. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top