
#EU2020HR Тигањ: Отворањето преговори со С. Македонија високо на приоритетите на хрватското претседавање со ЕУ
– Хрватска ќе стреми да се заземе и засилено ќе се ангажира за да ги увери државите за продолжување на пристапниот процес и да се изнајде начин и модел С. Македонија да отвори преговори – вели хрватската амбасадорка Тигањ.
Еден од приоритетите на хрватското претседавање со Европската Унија ќе биде проширувањето, а особено отворањето преговори со С. Македонија. Со оптимизам гледаме на напредок во претстојниот период и на позитивен исход. Наша намера е да го премостиме и да го деблокираме она што за жал не беше направено во октомври минатата година на Советот на ЕУ и да пронајдеме решение со кое ќе се деблокира одлуката за пристапни преговори меѓу Европската Унија и С. Македонија.
Ова во интервју за МИА го вели амбасадорката на Хрватска во земјава, Нивес Тигањ, чија земја од 1 јануари го презеде шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ.
Најважните информации и најинтересните случувања поврзани со хрватското претседателствување со Советот на ЕУ следете ги на блогот на Хрватски Форум, под ознака #EU2020HR.