skip to Main Content
#EU2020HR Европските пратеници за хрватското претседавање со Советот на ЕУ

#EU2020HR Европските пратеници за хрватското претседавање со Советот на ЕУ

Хрватска по Финска го преземе ротирачкото претседателствување со Советот на ЕУ од 1-ви јануари 2020 година. Ги прашавме хрватските европратеници што очекуваат. 

Извор: europarl.europa.eu

Слоганот на Хрватска во текот на шестмесечниот период на претседавање е „Силна Европа во светот полн со предизвици“, а Хрватска сака да се посвети на рамнотежен и одржлив развој, поврзана економија, сигурност и позиционирање на Европа како предводник на меѓународно ниво.

Хрватски приоритети

  • Европа која се развива
  • Европа која поврзува
  • Европа која штити
  • Европа која е влијателна

Динамичен период

Хрватска претседава со Советот во тек на динамичен период во кој се одлучува за Брегзит и долгогодишен буџет на ЕУ. Меѓутоа, европратеници сакаат да видат и други теми на распоредот.

Карло Реслер, Еропска народна партија, го гледа претседавањето како голема прилика Хрватска дополнително политички, економски и дипломатски да се позиционира во ЕУ. „Хрватска за време на претседавањето ќе продолжи со решавање на прашањето за излегување на Обединетото Кралство од ЕУ, како и ќе води преговори за буџетот за идните седум години. Еден од главните настани секако ќе биде самитот во Загреб, со фокус на европската перспектива на земјите од југоисточна Европа“.

Билјана Борзан, Социјалисти и Демократи, рече дека заштитата на работничките и потрошувачките права, јавното здравје и владеењето на правото треба да бидат на прво место. „Се надевам на успешно заклучување на преговорите за повеќегодишната буџетска рамка затоа што од тоа зависи спроведувањето на програмите и политиката поради која граѓаните во голем број гласаа на европските избори, како што е Европскиот зелен план“.

Валтер Флего, Обнова на Европа, рече: „Хрватска мора да делува како неутрален посредник и со тоа да осигура успешна соработка и континуирано спроведување на програмите на ЕУ со останатите држави членки“. Исто така, верува дека Хрватска преку своите приоритети ќе има можност директно да им покаже на луѓето што тоа Европа прави за нив.

Ружа Томашиќ, Европски конзервативци и реформисти, очекува лобирање за националниот интерес. „Најважниот документ претходниот мандат, Известување за повеќегодниот план за мала сина риба на Јадранот, уште стои на мртва точка во Советот. Очекувам дека ова ќе се промени“. Покрај тоа, очекува почитување на одредбата на Договорот за пристапување во сегментите на директните плаќања во земјоделството и почекот на активација на неактивните земјоделски земјишта.


Најважните информации и  најинтересните случувања поврзани со хрватското претседателствување со Советот на ЕУ следете ги на блогот на Хрватски Форум, под ознака #EU2020HR

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top