skip to Main Content
#EU2020HR Се зголемуваат шансите за добивање датум за преговори во март?

#EU2020HR Се зголемуваат шансите за добивање датум за преговори во март?

Ќе донесе ли хрватско претседателство со ЕУ датум за отворање на преговори оваа пролет? 

Официјален Загреб најавува силни заложби за отворање на европската порта следните 6 месеци – Пленковиќ веќе оствари средба со Макрон, а додека Скопје е во подготовки за официјална посета на новиот еврокомесар за проширување Вархеи, хрватскиот премиер следната недела ќе разговара и со Меркел, објави 24 ТВ.

Сепак ќе успеат ли да излобираат датум во корист на Македонија и Албанија, потпирајки се на познавањата на начинот на функционирање на Балканот?

Од друга страна Франција во моментот се соочува со протести за кои, познавачите велат дека ќе го дефокусираат Макрон од Западен Балкан, а со тоа ќе се зголемат шансите за добивање датум.

„Во Франција има внатрешни проблеми и Макрон мора да се посвети на нив и верувам дека можеби и тоа малку ќе го олабави во неговото меѓународно однесување, вклучително и кон неговиот став за Македонија и Албанија“ – вели Благој Зашов екс-амбасадор.

Иако следната можност за добивање датум е за време на Европскиот Совет во март, амбасадорот Зашов смета дека позитивни резултати можеме да очекуваме дури на Самитот во мај во Загреб, каде покрај присуството на членките на Унијата ќе бидат поканети и земјите од Западен Балкан.


Најважните информации и  најинтересните случувања поврзани со хрватското претседателствување со Советот на ЕУ следете ги на блогот на Хрватски Форум, под ознака #EU2020HR

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top