Петир и Пленковиќ на тема Македонија и ЕУ во хрватскиот Сабор
Македонското приклучување кон Европската унија актуелно во хрватскиот Сабор.
„Таквото подметнување на нога на Македонија треба да се сопре, со тоа што имаме сопствено искуство со нереални препреки кои и пред нас се поставуваа на трновитиот пат на пристапување на Хрватска кон ЕУ“, вели пратеничката Маријана Петир во хрватскиот Сабор, инаку поранешна европратеничка која во 2016 година ја возобнови групата Пријатели на Македонија во која имаше 20-тина европарламентарци.
„Во оваа ситуација се покажа колку е важно членството на Хрватска во ЕУ, не само кога нас ни потребна помош и таа помош да пристигне, тука и кога ние сакаме на другите да им помогнеме – нашиот збор да се слуша. Можам да кажам дека во глобалните рамки во кои се наоѓавме во време кога претседававме со ЕУ, еднакво на чудо е што успеавме да влијаеме да се отворат преговори со Македонија и Албанија. Но гледаме дека тука и понатаму, и покрај сите напори се појавуваат одредени препреки, па би рекла дека секогаш се наоѓаат некои членки кои на Македонија и подметнуваат нозе и ме интересира дали ние можеме во тие услови да влијаеме конечно работите со Македонија да тргнат во вистинска насока“, го праша пратеничката Петир хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
„Добро сум запознаен со времето кога вие ја водевте неформалната група за поддршка на Македонија за отворање на преговори. Мислам дека за време на хрватското претседавање со ЕУ направивме клучни чекори и донесовме формална политичка одлука“, одговори хрватскиот премиер.
Тој додаде дека за прашањето на македонското пристапување верува дека ќе се направат дополнителни чекори, претходно условено од историски причини и „изборниот календар“ во некои земји.
„Ние ќе да лобираме тоа да се случи“, додаде премиерот Пленковиќ.
Претходно и хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ зборуваше на темата на македонското пристапување кон ЕУ, при што побара хрватски ангажман за праведен третман кон Македонија.
Неодамна и хрватскиот пратеник Асен Баук, кој беше раководител на групата за пријателство со Македонија, побара да престанат „бугарските понужувања спрема Македонија“.
„За жал пристапувањето на Северна Македонија, односно Македонија во Европската Унија според мене е пример како тие работи и во 21 век се доведуваат во прашање. Најпрво од Грција поради името, знамето итн. А потоа и од страна на Бугарија поради јазикот, таканаречената заедничка историја и слично на тоа. Очигледно Балканот не е исчистен од тие контроверзи“, истакн Баук тогаш, а пренесоа македонските медиуми.
Хрватска инаку претседаваше со ЕУ во првите 6 месеци од 2020. година, кога и се донесе одлука за започнување на преговори со Македонија и Албанија, што беше редовно проследувано и преку блогот на Хрватски Форум.
На блогот „Хрватска на македонски“ на Хрватскиот Форум следете ги најважните информации и најинтересни случувања поврзани со заедничките перспективи на двете земји.