
Координативна средба на ХФ со заменик – директорот на Агенција за млади и спорт
На ден 03.12.2020 година, претставници на Хрватски Форум одржаа координативна средба со заменик – директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-дин Авни Рустеми.
На средбата беа презентирани досегашните и тековни активности на ХФ, а беше изразена и подготвеност за идна заедничка активност.
Покрај младинските политики, вклучувањето на младите и идните форми на соработка, страните ги разгледаа и можностите за јакнење на институционалната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска.
Тим за односи со јавноста
ХРВАТСКИ ФОРУМ