skip to Main Content
ХФ во Тетово за локалната и регионална самоуправа на Хрватска и Дубровничката република

ХФ во Тетово за локалната и регионална самоуправа на Хрватска и Дубровничката република

Со целосно почитување на здравствените протоколи и мерки, Хрватски Форум денес во Тетово одржа настан поврзан со локалната и регионална самоуправа на Хрватска и Македонија, како и предавање за Дубровничката република.

Историскиот развој на Дубровничката република, нејзините карактеристики и најважни настани од нејзиното постоење беше тема на првиот тематски дел од денешниот настан организиран во просториите на ИРЗ во Тетово, кој го водеше дипл. историчар и координатор на ХФ, Љубиша Марковиќ.

Вториот тематски дел пак, беше посветен на локалната и регионална самоуправа на Хрватска, со посебен осврт на историскиот, културниот и правниот аспект на хрватските жупании, кој беше модериран од страна на генералниот секретар на ХФ, Марко Видачек.

Во третиот дел учесниците, заедно со членовите на Клубот на основачи одржаа седница во проширен состав, на која беше овозможена и конференциска врска со правниот тим на Форумот, каде се дискутираше за статутарни прашања и подобрувања на организациската поставеност во интерес на што поефикасно спроведување на целите и активностите на ХФ.

Настанот е во склоп на активностите поддржани од страна на Државната канцеларија за Хрвати надвор од Хрватска.


Тим за односи со јавноста
ХРВАТСКИ ФОРУМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top