skip to Main Content
Македонија и земјите од Западниот Балкан е нужно да останат во фокусот на ЕУ

Македонија и земјите од Западниот Балкан е нужно да останат во фокусот на ЕУ

Хрватски Форум и Македонско-хрватското друштво го поздравуваат досегашниот ангажман на ЕУ посветен на земјите од Западен Балкан, како и јасната проактивност на Хрватска како актуелен претседавач со ЕУ преку недвосмисленото ставање како приоритет на проширувањето на ЕУ.

Сметаме дека е потребно на утрешниот онлајн самит на ЕУ и Западен Балкан, кој инаку требаше да се оддржи месецов во Загреб, 20 години подоцна на истата локација во Хрватска, уште еднаш да се потврдат јасните европски определби на земјите од соседството и подготвеноста на ЕУ за проширување.

Веруваме дека Загребскиот онлајн самит, прв ваков во историјата на ЕУ, ќе ја потврди солидарноста со земјите од Западниот Балкан во насока на идното делување на санирање на последиците од коронавирусот, економскиот развој и натамошната европска перспектива на 6-те држави.

Убедени сме дека е повеќе од потребно, земјите од регионот да останат во фокусот на ЕУ и да добијат поддршка кон полноправно членство во европското семејство.

Во оваа прилика, особено го поздравуваме, претседавањето на Хрватска со ЕУ, која како земја и покрај тешките околности и борбата со коронавирусот, успеа темата на проширување да ја задржи високо на својата агенда и да обезбеди консензус од 27 членки за отпочнувањето преговори со Македонија.


Тим за односи со јавноста

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top