
Одржана дискусија за ЕУ и практични вежби за коминикациски способности
На ден 13.02.2020 година во просторот на Млади Хаб во Скопје, за раководството и членовите на Хрватски Форум се одржа настанот „risE Up!“ на кој учесниците дискутираа за различните аспекти на Европската Унија, а беше спроведен и практичен дел за комуникациски способности.
Заменик – генералната секретарка Теодора Димитровска, беше модератор на предавањето и на дискусијата поврзана со Европската Унија и самиот проект на Обединета Европа. Присутните имаа можност подетално да се информираат и да дискустираат за европските институции, ЕУ денес и за македонскиот пат кон оваа заедница.
Исто така, претставена беше и програмата и приоритети на Хрватска која моментално претседава со Советот на министри на ЕУ, која е под мотото „Силна Европа во светот полн со предизвици“.
Практичниот дел од еднодневниот настан, кој го водеа генералниот секретар Марко Видачек и портпаролката на ХФ, Ема Павловска, беше посветен на начините за комуникација, со особен осврт на прес конференцијата.
Присутните на крајот имаа можност практично да го применат стекнатото знаење и вештини во полето на комуникацијата преку одржување на прес конференции на темите од ЕУ.
Целта на настанот беше јакнење на капацитети на организацијата и членовите, но и отворање на значајни теми за младите и поттикнување на аргументираното говорење.
Тим за односи со јавноста
ХРВАТСКИ ФОРУМ