ХФ организираше предавање за граѓанските организации и комуникации
На ден 01.04.2021 година, Хрватски Форум организираше предавање на тема „Граѓанските организации и комуникациите“ со предавачката, новинарка и членка на ИО на Хрватски Форум, Кристина Озимец.
Учесниците на овој онлајн настан се запознаа со организациското (внатрешно) комуницирање, комуникациите со јавност и медиуми, како и со креирањето на програми и нивното комуницирање со јавност.
Ваквите настани имаат за цел да ги запознаат и едуцираат членовите на ХФ со општествени теми и практики, а истите – во доменот на комуникациите ќе продолжат и во иднина на поконкретни теми и практичен дел.
Тим за односи со јавноста
ХРВАТСКИ ФОРУМ