skip to Main Content

ДАЛИ ЗНАЕВТЕ?

Ги донесуваме најважните настани и најинтересните факти од времепловот на македонско – хрватското пријателство и историја.

  • Зборникот на Миладиновци излегува од печат во Загреб, на 27 јуни 1861 година, за чие печатење помага хрватскиот бискуп и политичар Јосип Јурај Штросмајер.
  • „Бели мугри“ е збирка поезија од Кочо Рацин објавена на 25 ноември 1939 година во Самобор, близу Загреб, во печатницата на Драгутин Шпулер во 4.000 примероци.

    Споменик на Кочо Рацин во Самобор, Хрватска

  • Бискупот Смиљан Чекада е Хрват меѓу македонските добитници на признанието „Правеник меѓу народите“, кој за време на службата како скопски бискуп под цена на својот живот спасува Евреи од логор.
  • Проф. д-р. Марин Каталиниќ (Трогир, Хрватска, 1887 – Скопје, 1959) е еден од првите ректори на Универзитетот во Скопје, автор на првата статија од физика печатена во Македонија и на првиот учебник по физика објавен на УКИМ.
  • Проф. д-р. Иво Пухан (Пакрац, Хрватска,  1916 – Скопје, 1999) двапати бил декан на Правниот факултет во Скопје (1957/58 и 1975–1977) и двапати проректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје (1956–1960).  Бил југословенски делегат на Хашките конференции за меѓународното приватно право (1960, 1964, 1968 и 1972) и судија на Уставниот суд на СРМ (1963–1971).
  • Проф. д-р. Стјепан Антољак (Добој, Хрватска 1909 – Загреб 1997) бил хрватски историчар и еден од водечките балкански историографи, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, дописен член на Македонската академија на науки и уметности (МАНУ), автор на делото „Самоиловата држава“ и коавтор на опусот „Средовековна Македонија“.
  • Рок-музичарот, основач и некогашен пејач на загрепската група Азра, Бранимир Штулиќ Џони, е роден во Скопје, на 11 април 1953 година.
  • Македонците во Хрватска се меѓу 22-те признати национални малцинства во Република Хрватска.
  • Поранешниот македонски претседател Борис Трајковски е основач и прв секретар на Македонско – хрватското друштво формирано во 1993 година.
  • Поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ е прогласен за почесен граѓанин на Тетово во 2012 година.

Овој текст е достапен и на хрватски јазик.

Фактите за Хрватска на македонски јазик може да ги прочитате на нашиот блог.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top