skip to Main Content
Хрватски Форум и МХД Тетово во традиционална хуманитарна акција

Хрватски Форум и МХД Тетово во традиционална хуманитарна акција

Хрватскиот форум се приклучи на традиционалната активност на Македонско Хрватското Друштво Тетово кое секоја година организира предновогодишна посета и доделување на новогодишни подароци за децата од посебната паралелка во ОУ “Андреа Савески Ќиќиш” и во Дневниот Центар Тетово.

– Сметаме дека во вакви периоди од годината е особено важно да покажеме дека секој заслужува да биде среќен. Затоа одлучивме да се приклучиме на оваа традиционална активност. Ние веќе подолг период соработуваме со Македонско Хрватското Друштво Тетово, заедно организиравме и други хуманитарни акции и се надеваме дека соработката ќе ја интензивираме и во иднина, изјави Ема Павловска, портпарол на Хрватски Форум.

Претседателот на МХД Тетово, Горан Видачек, потсети дека оваа новогодишна активност е редовно во агендата на Здружението, додека пак од оваа година на истата се приклучи и ХФ.

-Веќе со години во овој период од годината доаѓаме во Дневниот Центар за деца со посебни потреби и во посебната паралелка во ОУ “Андреа Савески Ќиќиш”, каде овој пат како новогодишни подароци доставивме играчки, училишен прибор и материјали, рече претседателот Горан Видачек.

Покрај во Тетово, Хрватски Форум денеска спроведува хуманитарна акција и дружење и во кумановскиот центар за лица со попречености.

Тим за односи со јавноста
ХРВАТСКИ ФОРУМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top