Остварена средба со г-дин Ахмед Ќазими, раководител на сектор за јавни дејности на општина Тетово
На ден 20.02.2020 година, делегација на Хрватски Форум предводена од генералниот секретар Марко Видачек оствари средба со г-динот Ахмед Ќазими, раководител на секторот за јавни дејности на општина Тетово.
На средбата беа претставените досегашните активности на ХФ и беа потенцирани заложбите за активно вклучување на младите и хрватската заедница во процесите на локално ниво.
Беше поздравена соработката на секторот за јавни дејности и хрватската заедница во Тетово.
Страните ги изложија своите заложби за поголемо вклучување на младите, а беа разгледани и формите на заедничка соработка.
Средбата е во склоп на активностите на Форумот за јакнење на соработката со државните институции и единиците на локалната самоуправа.
Тим за односи со јавноста
ХРВАТСКИ ФОРУМ