
Хрватски Форум во Куманово ја спроведе акцијата #ПодариСреќа
Денеска Хрватски Форум во склоп на акцијата #ПодариСреќа во Куманово се дружеше со децата во центарот Порака наша и им подели новогодишни честитки.
На оваа акција учествуваше и салон за мебел “Матеа стил” кои што донираа од нивните производи.
– Подари среќа на оние кои што им е најпотребна, беше порачано на акцијата.
Хрватскиот Форум се приклучи и на традиционалната акција која Македонско Хрватското Друштво ја организира во Тетово, каде беа поделени новогодишни подароци на две локации на лица со пречки во развојот.