skip to Main Content
Обврзани сме да бидеме солидарни и одговорни во секое време

Обврзани сме да бидеме солидарни и одговорни во секое време

Денеска го одбележуваме Меѓународниот ден на волонтерите, како ден кој потсетува на денот кога е формирана Програмата на Обединетите нации за волонтери во 1970 година.

Волонтерството и волонтерската работа претставуваат еден од најефикасните облици на партиципација на граѓаните во процесите на развојот на заедницата, афирмирајќи го најплеменитото во луѓето – слободата, еднаквите можности, креативноста и идејата.

Волонтерството им дава можност на луѓето да влијаат врз животите и да играат конструктивна и проактивна улога во општеството, тоа е и прилика да ги почнеме промените околу нас.

Сакаме јавно да се заблагодариме на сите волонтери кои се вклучени во активностите на ХФ и без кои – оваа иницијатива и овие активности не би постоеле.

Како Хрватски Форум, иницијатива која што се потпира исклучиво на волонтерска работа, го честитаме Денот на волонтерите и сме горди на луѓето од нашиот тим и на сите волонтери кои учествуваат во создавањето резултати и во распространувањето на иницијативи кои се корисни за секое општество. 

Обврзани сме во секое време да бидеме солидарни со другите и одговорни спрема сите, затоа заедно продолжуваме да создаваме општество на еднаквост, солидарност и вклученост.


ХРВАТСКИ ФОРУМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top