ХФ и МХД на тема: „Најстари хрватски правни документи“
На ден 18.04.2021 година, преку платформата „Google Meet“ Македонско – хрватското друштво (МХД) заедно со младите од Хрватски Форум организираше предавање на тема: „Најстарите хрватски правни документи“.
Учесниците на почетокот беа запознаени со поимот за најстарите хрватски пишани споменици, како и за правните документи, а беа разгледани и географскиот и историскиот контекст на овие документи.
Предавачите Марко Видачек, Софија Волчевска и Теодора Димитровска се обратија на темите: Корчулански статут како најстар хрватски правен документ од 1214 година, Сплитскиот статут од 1312 година и Пољичкиот статут од 1440 година.
Во воведните напатствија за темите претставена беше областа Далмација, Корчула – островот на Марко Поло, играта Морешка, Копнената врата, катедралата св. Марко и др.
Учесниците на предавањата имаа можност подетално да се запознаат и со историјата на средновековните далматински градови, нивната култура и карактеристики, како и со исклучително знајачни настани и периоди од хрватската историја: крунисувањето на првиот хрватски крал Томислав, Приморска Хрватска како прва трајна и уредена држава во средна Европа и др.
Активностите се во склоп на проектот „Историско, правно и културно наследство на Хрватска“ поддржан од страна на Централната државна канцеларија за Хрвати надвор од РХ.
Хрватски Форум / МХД