skip to Main Content
Именувани членови на Централен одбор во проширен состав

Именувани членови на Централен одбор во проширен состав

Хрватски Форум на седницата одржана на 01.03.2021 година, за членови на Централен одбор во проширен состав ги именуваше:

  • Кристина Озимец, новинарка, постдипломски студии по менаџмент на стратегиски комуникации;
  • Симона Басталиќ, економист;
  • Луција Чукеловска, правник, постдипломски студии по меѓународно право и ЕУ;
  • Нена Хлоупек, дипл. професор по англиски јазик и книжевност;
  • Дорис Таневска, дипломиран дизајнер;
  • Матеа Шошкиќ, студент по политички студии на англиски јазик и
  • Иван Ников, студент по односи со јавноста.

Со дополнителното назначување на членови на ЦО во проширен состав, како извршен орган, ХФ продолжува да ги развива потенцијалите на здружението, со што несомнено се етаблира како центар на организирање кога се во прашање младите и македонско – хрватските односи.

Постојаното проширување и вклучување на нови лица ги потврдува основните заложби и цели на ХФ.

Централниот одбор инаку го сочинуваат членовите на Извршниот одбор на ХФ, претседателот на Надзорниот одбор, како и претседавачот/претседателот на Собранието на ХФ, заедно со потпретседателите. Членовите на ЦО во проширен состав учествуваат во работата на овој орган без право на глас, освен кога станува збор за области во кои се номинирани. ЦО донесува одлуки помеѓу две Собранија.


Тим за односи со јавноста
ХРВАТСКИ ФОРУМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top