skip to Main Content
Тетовци масовно се вклучија во хуманитарната акција „Избери хуманост, пробуди надеж!“

Тетовци масовно се вклучија во хуманитарната акција „Избери хуманост, пробуди надеж!“

Во Тетово денеска се одржа хуманитарната акција „Избери хуманост, пробуди надеж!“. Додека траеше хуманитарната акција доаѓаа луѓе кои донираа, како и оние кои побараа да добијат облека.

Оваа хуманитарна активност во Тетово ја организираа организацијата „Хрватски форум“, општинската организација на Црвен крст Тетово, Македонско-Хрватско Друштво Тетово и Институт за развој на заедницата.

– Ова нека биде потсетник дека секојдевно во Црвен крст може да се однесе облека наместо да се фрли. Секој од нас има облека која не ја користи, а има можност да ја даде на оние кои навистина им е потребна, изјави Марко Видачек, од организацијата „Хрватски форум“.

Според Емилија Блажеска, заменик лидер во општинската организација на Црвен крст Тетово, ваква акција на отворено немало во Тетово, никој не поттикнал, но еве денеска, потенцира, имаме и позитивен пример.

Хуманитарната акција „Избери хуманост, пробуди надеж!“ се спроведува во четири градови во Македонија. Во Тетово се одвиваше на платото пред Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“.


Извор: Вечер

Фото: Тетово инфо

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top