[ НАЈАВА ] Онлајн работилници по хрватски јазик #PutujućaŠkola
Хрватската матица на иселеници во соработка со Хрватски Форум и МХД организира две онлајн работилници на платформата „Зум“ наменети за деца и млади, припадници на хрватската заедница во Македонија.
Јазичната работилница ќе ја води Ведран Искра, професор по хрватски јазик, а драмската работилница Гроздана Лајиќ Хорват, драмски педадог, двајцата координатори во Малата школа за хрватски јазик и култура (во Нови Винодолски). Заинтересираните може да изберат две или една работилница. Можниот број на учесници по група е 7-20. Во случај на поголем број на заинтересирани, ќе може да се учествува само во една работилница.
Може да се пријавите на forumhrvatski@gmail.com најдоцна до 28.04.2021. Во пријавата потребно да е да се наведе името, презимето и возраста (одделение), како и електронската пошта на која непосредно пред работилница ќе ја добиете поканата (Meeting ID) за онлајн работилницата.
Координатори на програмата: Лада Канајет Шимиќ, проф. (ХМИ) и Марко Видачек (Хрватски Форум).
ЈАЗИЧНА РАБОТИЛНИЦА
Координатор Ведран Искра, проф. по хрватски јазик и книжевност
Четврток, 29.04.2021., 20.00-21.00 (работилница за деца и млади: од 4 – 9 одделение и 1. и 2. година средно образование)
Чеврток, 6.05.2021, 20.00-21.00 (работилница за млади, 3. и 4. година средно образование и студенти).
ДРАМСКА РАБОТИЛНИЦА
Координаторка Гроздана Лајиќ Хорват, драмски педагог
Петок, 7 мај 2021, 18.00-19.00
Петок, 14 мај 2021, 18.00-19.00
(Работилница за основци и средношколци)