Четврта редовна седница на КО, статутарни прашања и организација на Собрание во фокусот
Со целосно почитување на здравствените препораки и мерки, на ден 24.07.2020 во Тетово, Хрватски Форум ја одржа четвртата редовна седница на Клубот на основачи во проширен состав.
На седницата беше поздравен досегашниот ангажман на Хрватски Форум и во текот на пандемијата со публикувањето на блогот посветен на Средновековна Хрватска, а беа разгледани и идни активности, како и нивна модификација согласно специфичната ситуација со ковид 19.
На седницата преку конференциска врска се обезбеди и вклучување на членови на правниот тим на ХФ, со кои се разговараше за статутарните прашања и организациската поставеност на ХФ.
Беше прифатена и идејата за одржување на Собрание во поволни здравствени услови, како највисоко тело на ХФ во кое членуваат сите членови на организацијата, а преку кое ќе се обезбеди директно изјаснување на членството за прашања од делокругот на Форумот.
Тим за односи со јавноста
ХРВАТСКИ ФОРУМ