skip to Main Content
Хуманитарната акција „Избери хуманост, пробуди надеж!“ на Хрватски Форум во 4 градови

Хуманитарната акција „Избери хуманост, пробуди надеж!“ на Хрватски Форум во 4 градови

Хрватскиот Форум хуманитарната акција насловена „Избери хуманост, пробуди надеж!“ во четврток, на 31.10.2019 година ќе ја спроведе заедно со своите волонтери во 4 градови во Македонија (Тетово, Куманово, Скопје и Гостивар). 

Наместо да заврши во отпад, облеката која ни е мала или повеќе не ја носиме – можеме да ја донираме на Црвениот Крст преку што истата ќе пристигне до оние на кои им е најпотребна.

Затоа во Тетово, во четврток, на 31.10.2019 од 13 до 15 часот на платото пред ЦК „Иљо Антески – Смок“ организираме донирање на чиста облека која ќе биде распределена на оние кои имаат потреба за истата.

Не смееме да заборавиме да бидеме хумани и солидарни, затоа #донираме. Избери хуманост и приклучи се на акцијата.

Оваа хуманитарна акција во Тетово ја организираме со Црвен Крст Тетово, а кон истата се приклучија и Македонско – Хрватско Друштво Тетово и Институт за развој на заедницата.

Во Куманово, во истиот ден, од 13 до 17 часот во центарот на градот, пред Космо – Тинекс, организираме слична акција на донирање на чиста облека која ќе биде распределена на оние кои им е потребна. На настанот ќе има и кутија за донации за #Симона. Настанот е во организација на Хрватски Форум и Црвен Крст Куманово.

Во Скопје, членовите и волонтери на Хрватски Форум ќе ја посетат продавницата „Копче“ на Црвениот Крст Скопје каде и ќе се донира облека. Во Гостивар, членовите на ХФ ќе донираат во просториите на Црвениот Крст Гостивар.

Приклучете се на активностите и помогнете заедно да создаваме хумано и солидарно општество.


Тим за односи со јавноста

ХРВАТСКИ ФОРУМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top