skip to Main Content
Граѓаните масовно ја покажаа својата хуманост, акцијата на ХФ спроведена во 4 градови

Граѓаните масовно ја покажаа својата хуманост, акцијата на ХФ спроведена во 4 градови

Тетово, Куманово, Скопје и Гостивар беа 4-те градови во кои денеска се спроведе хуманитарната акцијата на Хрватскиот Форум насловена „Избери хуманост, пробуди надеж!“.

Волонтерите на Хрватски Форум и Црвен Крст во Тетово

Волонтерите на Хрватски Форум и Црвен Крст во Тетово

Во Тетово граѓаните масовно пристапија кон акцијата со која се собираше чиста облека на платото пред НУ „Иљо Антески Смок“, при што беше донирано големо количество на облека која преку Црниот Крст Тетово ќе пристигне во оние домови во кои е најпотребна.

Покрај донирањето, во Тетово беше извршено и доделување на облеката на оние кои на настанот изразија потреба за истата. Кон акцијата во Тетово, се приклучија и Македонско Хрватско Друштво – Тетово и Институтот за развој на заедницата.

Во Куманово, исто така, во центарот на градот, граѓаните имаа можност да донираат облека за своите сограѓани на кои навистина им треба. На настанот, имаше и кутија за донации за малата Симона од Штип, средства кои преку Црвениот Крст ќе бидат донирани на жиро сметка на нејзиното семејство. Денешната активност во Куманово наиде на особен интерес помеѓу граѓаните, при што истите имаа можност и  да се информираат за активностите на Хрватскиот Форум и Црвениот Крст.

Волонтерите на Хрватски Форум и Црвен Крст во Куманово

Волонтерите на Хрватски Форум и Црвен Крст во Куманово

Во Скопје, волонтерите на Хрватскиот Форум ја посетија продавницата „Копче“ на Црвениот Крст, каде донираа чиста облека и имаа можност да се запознаат со концептот на самата продавница. Во Гостивар, оваа хуманитарна акција опфати донирање на облека во локалниот Црвен Крст.

Не смееме да заборавиме да бидеме хумани и солидарни. Наместо да заврши во отпад, облеката која ни е мала или повеќе не ја носиме – можеме да ја донираме на Црвениот Крст преку што истата ќе пристигне до оние на кои им е најпотребна, беше порачано со денешната акција „Избери хуманост, пробуди надеж!“ на Хрватскиот Форум.

Преку денешните активности и преку медиумската покриеност на настанот беше испратена јасна порака за похумано и посолидарно општество. Заедно покажавме хумано лице и собравме големо количество на облека која преку Црвен Крст ќе се достави до оние на кои им е најпотребна.

Подготовки за транспортирање на донираната облека


Тим за односи со јавноста

ХРВАТСКИ ФОРУМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top