Хрватски Форум организираше вебинар за зелени политики
На ден 14.02.2021 година, Хрватски Форум организираше вебинар посветен на зелените политики на Хрватска, преку платформата „Google Meet“.
На настанот говореа: Анкица Соколиќ, потпретседателка на ХФ и студент тутор при Машинскиот Факултет; Матеа Шошкиќ, студент на политички студии на англиски јазик.
Преку интерактивен пристап на учесниците им беше доближена материјата посветена на хрватските национални паркови, островите и реките, како и вкупната еколошка политика на Хрватска и ЕУ.
На почетокот, предавачите потсетија на неколку поважни факти од „зелената“ карта на Хрватска: 8 национални паркови, 2 резервати на природата, 12 паркови на природата. Истакнато беше и дека Хвар е островот со најголем број часови сончева светлина во цела Европа – повеќе од 2800 часови годишно.
Соколиќ ја претстави и историската позадина на екологијата и политиките за заштита на животната средина, како и за иституционалната поставеност во Хрватска и Македонија.
Модератор на настанот беше генералниот секретар Марко Видачек, а се обратија и потпретседателката Михаела Обадиќ, заменик – генералната секретарка Теодора Димитровска и координаторот Ненад Бојковски.
Тим за односи со јавноста
ХРВАТСКИ ФОРУМ