skip to Main Content

Новиот канал МРТ 4 да обезбеди правична застапеност на етничките заедници

Хрватски Форум и Македонско Хрватско Друштво - Тетово го поздравуваат новиот бран на проширување на програмската понуда на Јавниот радиодифузен сервис – МРТ, којшто вклучи и отворање на нов канал МРТ 4 посветен на етничките заедници и документарна програма. Со…

Повеќе

Винодолскиот законик – заштитник на жените, најстар целосно сочуван документ на хрватски јазик

Винодол или Винодолска долина е сместена во внатрешноста на Цриквеница, а ги опфаќа местата од Крижишќе до Нови Винодолски кои од антиката па сè до ден денешен ги имаат сочувано своите словенски имиња (со исклучок на Брибир). Денес местата Дривеник,…

Повеќе

Колективизмот – мит или реалност за Пољичката република и пољичкиот статут?

Пољичка Република била лоцирана на краевите кои го опфаќаат источниот дел од денешниот град Сплит. Таа постоела од 13-ти век, до почетокот на 19-ти век, кога војската на Наполеон навлегла и завладеала со оваа територија. Називот на оваа Република потекнува…

Повеќе

Дубровничка република – слобода која не се продава за цело злато на светот

Дубровник денес е еден од најубавите градови во Европа, а неговата убавина дополнително почива врз минатото и гордоста со која народот во Дубровник го бранел она што било нивно во постојаната борба против освојувачите. Градот Дубровник и неговата убавина ја…

Повеќе

ДАЛИ ЗНАЕВТЕ?

Ги донесуваме најважните настани и најинтересните факти од времепловот на македонско – хрватското пријателство и историја.

  • Зборникот на Миладиновци излегува од печат во Загреб, на 27 јуни 1861 година, за чие печатење помага хрватскиот бискуп и политичар Јосип Јурај Штросмајер.
  • „Бели мугри“ е збирка поезија од Кочо Рацин објавена на 25 ноември 1939 година во Самобор, близу Загреб, во печатницата на Драгутин Шпулер во 4.000 примероци.

    Споменик на Кочо Рацин во Самобор, Хрватска

  • Бискупот Смиљан Чекада е Хрват меѓу македонските добитници на признанието „Правеник меѓу народите“, кој за време на службата како скопски бискуп под цена на својот живот спасува Евреи од логор.
  • Проф. д-р. Марин Каталиниќ (Трогир, Хрватска, 1887 – Скопје, 1959) е еден од првите ректори на Универзитетот во Скопје, автор на првата статија од физика печатена во Македонија и на првиот учебник по физика објавен на УКИМ.
  • Проф. д-р. Иво Пухан (Пакрац, Хрватска,  1916 – Скопје, 1999) двапати бил декан на Правниот факултет во Скопје (1957/58 и 1975–1977) и двапати проректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје (1956–1960).  Бил југословенски делегат на Хашките конференции за меѓународното приватно право (1960, 1964, 1968 и 1972) и судија на Уставниот суд на СРМ (1963–1971).
  • Проф. д-р. Стјепан Антољак (Добој, Хрватска 1909 – Загреб 1997) бил хрватски историчар и еден од водечките балкански историографи, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, дописен член на Македонската академија на науки и уметности (МАНУ), автор на делото „Самоиловата држава“ и коавтор на опусот „Средовековна Македонија“.
  • Рок-музичарот, основач и некогашен пејач на загрепската група Азра, Бранимир Штулиќ Џони, е роден во Скопје, на 11 април 1953 година.
  • Македонците во Хрватска се меѓу 22-те признати национални малцинства во Република Хрватска.
  • Поранешниот македонски претседател Борис Трајковски е основач и прв секретар на Македонско – хрватското друштво формирано во 1993 година.
  • Поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ е прогласен за почесен граѓанин на Тетово во 2012 година.

Овој текст е достапен и на хрватски јазик.

Фактите за Хрватска на македонски јазик може да ги прочитате на нашиот блог.

ДАЛИ ЗНАЕВТЕ?

  1. Хрватска има повеќе од 1200 острови.
  2. Хрватска има најголем број нематеријални добра заштитени од УНЕСКО од која било европска земја, заедно со Шпанија.
  3. Чоколадото со ориз е измислено во Хрватска во 1963 година во фабриката „Звечево“ во славонскиот град Пожега.
  4. Задар ги има првите светски оргули кои свират под дејство на морето.
  5. Национален цвет на Хрватска е ирисот.
  6. 10% од територијата на Хрватска е заштитена преку 11 паркови на природата, 8 национални паркови и 2 природни резервати.
  7. Хрватот Славоjуб Пенкала е иноватор на пенкалото.
  8. Вратоврската (краватата) е изворно хрватски производ.
  9. Според Алфред Хичкок, приморскиот град Задар во Далмација го има „најдобро зајдисонце во светот“.
  10. Хит серијата „Игра на тронови“ е снимена на далматинскиот брег на Дубровник и Сплит.

Остварена средба со г-дин Ахмед Ќазими, раководител на сектор за јавни дејности на општина Тетово

На ден 20.02.2020 година, делегација на Хрватски Форум предводена од генералниот секретар Марко Видачек оствари средба со г-динот Ахмед Ќазими, раководител на секторот за јавни дејности на општина Тетово.  На средбата беа претставените досегашните активности на ХФ и беа потенцирани…

Повеќе

Одржана дискусија за ЕУ и практични вежби за коминикациски способности

На ден 13.02.2020 година во просторот на Млади Хаб во Скопје, за раководството и членовите на Хрватски Форум се одржа настанот „risE Up!“ на кој учесниците дискутираа за различните аспекти на Европската Унија, а беше спроведен и практичен дел за…

Повеќе
Back To Top