skip to Main Content
Изборно собрание на Хрватски Форум: избрани претседателка и потпретседатели

Изборно собрание на Хрватски Форум: избрани претседателка и потпретседатели

Денеска во Тетово со почитување на здравствените протоколи, беше организирано Изборното собрание на ХФ на кое за претседателка беше избрана м-р Симона Копривњак, додека пак за потпретседатели: Михаела Обадиќ, Ема Павловска и Анкица Соколиќ.

Од страна на Секретаријатот беше даден извештај за досегашната работа, а беше избран и тричлен Надзорен одбор.

Делегатите дискутираа за досегашната работа, а беа разгледани и облиците на идно делување во насока на зајакнување на македонско – хрватските односи, промовирање на хрватската култура и поврзување на младите од Македонија и Хрватска.


Тим за односи со јавноста

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top