Координативна средба на ХФ со претставници на општина Тетово
На ден 07.09.2020 година, претставници на Хрватски Форум одржаа координативна средба со г-динот Ахмед Ќазими, раководител на секторот за јавни дејности на општина Тетово.
На средбата беше поздравен ангажманот на хрватската заедница во Тетово и соработката на ХФ и општина Тетово, при што беше извршена и координација во врска со идните заеднички активности.
Страните ги договорија активностите кои во периодот кој претстои ќе бидат реализирани во Тетово, а кои се во насока на поголемо вклучување на младите и етничките заедници во процесите на одлучување и зајакнување на соработката на единиците на локалната самоуправа со граѓанскиот сектор.
Тим за односи со јавноста
ХРВАТСКИ ФОРУМ