ЈАВЕН ПОВИК за членови на Програмски совет на ХФ
Хрватски Форум согласно своите акти и програмски определби, објавува ЈАВЕН ПОВИК за апликации за членови на Програмскиот совет.
Програмскиот совет претставува советодавно тело составено од најмалку 3 членови од редот на истакнати поединци и експерти во областите:
– демократија и владеење на правото;
– хрватски јазик, култура и историја;
– млади, младинско учество и образование;
– заштита и унапредување на човековите права и слободи (особено малцински, јазични и културни права и слободи);
– хрватско малцинство во Македонија и организирање на хрватското малцинство, како и на македонското малцинство во Хрватска и
– ЕУ и меѓународна соработка.
Членовите на ова тело ќе можат подиректно да учествуваат во креирањето на идните политики и активности на Хрватски Форум, како и да допринесат кон полесно и целисходно остварување на целите на иницијативата.
Мандатот на членовите на Програмскиот совет (Programsko Vijeće) е во времетраење од 2 години со право на уште еден реизбор, без надомест.
Заинтересираните лица, своето CV и мотивациско писмо потребно е да ги испратат на forumhrvatski@gmail.com со назнака „Апликација – јавен повик за членови на Програмски совет“, не подоцна од 5-ти јуни.
Кандидатите може кон пријавата да приложат и препорака од здруженијата на хрватското малцинство или други невладини организации, што ќе влијае кон подобро бодување на кандидатот/ката.
Изборот на членови ќе се врши преку посебно формирана Комисија која ќе ги оценува поднесените апликации и избраните кандидати дополнитено ќе ги извести. ХФ го задржува правото да не ги извести неизбраните кандидати.