skip to Main Content
Средба со г-ѓа Ирина Стојановска, заменик народен правобранител

Средба со г-ѓа Ирина Стојановска, заменик народен правобранител

На ден 28.02.2020 година, претставници на Хрватскиот Форум остварија посета на канцеларијата на Народниот правобранител во Тетово, при што беше одржана и средба со г-ѓа Ирина Стојановска, заменик народен правобранител. 

Претставниците на Форумот имаа можност да се информираат за работата на институцијата Народен правобранител, особено во полето на недискриминацијата, правата на младите и детето, како и за правните механизми на заштита.

ХФ ги престави своите тековни и идни активности од областа на владеењето на правото, етничките заедници и вклучувањето на младите во процесите на одлучување.

На средбата беше потенцирано значењето на оваа институција и беше поздравена соработката со граѓанскиот сектор.


Тим за односи со јавноста

ХРВАТСКИ ФОРУМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top